СДСМ: Мицкоски ја потврди длабоката соработка со Апасиев во анти ЕУ коалиција

од Берта Китинска
147 прегледи

Христијан Мицкоски ја потврди длабоката соработка со Димитар Апасиев со кого се осамени во анти ЕУ коалицијата.Мицкоски заедно со Апасиев ја лажеа јавноста за македонскиот јазик, за македонската историја и посебност, ги плашеа граѓаните со наводна асимилација и бугаризација, велат од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека Мицкоски и Апасиев повикуваа и на кампувања пред Владата.

-Додека првиот се шеташе како манекен а вториот според информации од медиуми ангажираше и приватно обезбедување на протестите.За разлика од Мицкоски кој знае да зборува на бугарски јазик, а неговите пратеници го деградираат македонскиот јазик, Владата предводена од СДСМ обезбеди чиста формулација на македонскиот јазик во ЕУ, без никакви фусноти.Мицкоски глуми лажен патриот а последната лага се нотарските изјави кои немаат никакво правно дејство.Мицкоски е осамен во својата деструкција, затоа нa официјалниот сајт на партијата никој не фигурира во Извшрниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, тој се скара со сите опозициски партии, ги излажа своите членови а ниту Лукашенко не му е рамен за тоа како ја води партијата, велат од владејачката партија.