СДСМ: Мицкоски не престанува да ја злоупотребува несреќата на граѓаните, поради дневно патиски цели

122 прегледи

Владејачката СДСМ, во денешното соопштение, обвинува дека ВМРО ДПМНЕ, постојано ги деградира здравствените работници, го уништува достоинството на лекарите и здравствениот систем. Па оттаму велат, дека наместо конструктивни решенија, тие прават мрачни перформанси на кои се подбива со нескреќата на граѓаните и ги навредува здравствените работници.

ВМРО-ДПМНЕ не престанува да ги деградира здравствените работници и да ја злоупотребува несреќата на заболените од коронавирусот

Очајниот губитник Христијан Мицкоски не престанува да ја злоупотребува несреќата на граѓаните заради дневно партиски цели.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, од почетокот на пандемијата па до сега, не донираа ниту еден денар, 11 години го уништуваа здравствениот систем, го газеа достоинството на лекарите, а сега очајно се обдуваат политички да профитираат на несреќата на граѓаните.

Денес, оваа партија предводена од некрофилот Мицкоски секојдневно ги деградира лекарите, здравствените работници, кои посветено, стручно и без да се штедат со месеци се борат со коронавирусот.

Наместо конструктивни решенија, ВМРО-ДПМНЕ прави мрачни перформанси на кои се подбива со нескреќата на граѓаните и ги навредува здравствените работници.

Осум месеци, граѓаните, здравствените работници, институциите, целиот свет, постојано се борат против коронавирусот. Осум месеци, ВМРО-ДПМНЕ само прави штета и го поткопува здравствениот систем. Со таков однос кон граѓаните и јавното здравје, нека не се чудат зошто се во опозиција, уште долго ќе останат таму.

 

Слични содржини