СДСМ: Мицкоски по секоја цена брани осудени насилници

од Stefanija Kuzmanovska
325 прегледи

Нервозната одбрана на ВМРО-ДПМНЕ на лицата кои денеска беа осудени како организатори на упадот од крвавиот четврток само потврдува дека во оваа партија нема никаква промена, дека таму се уште е силно присутна режимско насилничката матрица, реагираат од СДСМ на пресот на Димче Арсовски.

„27 април, крвавиот настан на кој учествуваше и самиот Христијан Мицкоски е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, кога по налог на Никола Груевски толпа насилници се обидоа да убијат пратеници и новинари и да спречат трансформација на власта.

Со денешните пресуди се затвора најсрамното поглавје во историјата на независноста.

Колку ли се големи хипотеките на Мицкоски штом мора постојано да брани осудени насилници и криминалци?

Колкав е партиско-политичкиот долг на ВМРО-ДПМНЕ штом се во постојано заложништво на политиките на Мицкоски?

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски конечно треба да сфатат дека заврши времето на контролирано судство да сфатат дека никако нема да успеат да го одбранат криминалот и насилството и дека се додека се страната на криминалците, ќе бидат поразувани од граѓаните“, истакнуваат од партијата на Заев.

Слични содржини