СДСМ: Мицкоски постојано е на спротивната страна од интересите на граѓаните

од Берта Китинска
129 прегледи

Христијан Мицкоски постојано е на погрешната страна, на спротивната страна од интересите на граѓаните, било тоа кога се работи за здравјето на граѓаните или за државните интереси, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека Мицкоски постојано ја поткопува борбата против пандемијата и работи против здравствениот систем.

-Тој беше прв кој ги кршеше мерките за заштита од коронавирусот, а неговата ВМРО-ДПМНЕ и денес ги злоупотребува заболените и починатите од КОВИД 19, организира масовни собори каде не се почитуваат никакви протоколи.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го честитаа приемот на Северна Македонија во НАТО, не ја честитаа ниту првата годишнина од членството на нашата земја во најголемиоти најмоќен воено-безбедносен сојуз.

Во меѓувреме, целата јавност гледа како ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите опозициски партии ја блокира работата на Собранието и кочи важни законски решенија во интерес на граѓаните и државата.

Токму заради неговото незрело, неодговорно и несериозно однесување, Мицкоски доживеа серија порази од граѓаните, велат од СДСМ.