СДСМ: Мицкоски повторно кај својот ментор Груевски по инструкции за референдумот

од Берта Китинска
173 прегледи

Христијан Мицкоски повторно беше во Будимпешта, веројатно по нови инструкции од неговиот ментор, криминалецот во бегство Никола Груевски.Откако му пропаднаа сите обиди за да ја закочи државата, да ја дестабилизира и да создаде поделби, сега очигледно му се потребни совети како да се однесува по однос на референдумот што самиот го најавува, велат од СДСМ.

Од владејачката партија посочуваат дека референдумот на Мицкоски е само за вантрепартиска употреба, и дека тој нема нема поддршка од коалициски партнери, „освен Левица а прашање е дали има поддршка и од сопственото членство“.

-Затоа што се виде дека тој нема доверба ниту во раководството на партија, дека на веб сајтот на ВМРО-ДПМНЕ единствен член на Извршниот комитет е самиот Мицкоски.Затоа Мицкоски ја лаже јавноста со некакви нотарски изјави на пратениците кои се без правно дејство и се скара со сите опозициски партии.Мицкоски има проблем секогаш кога државата напредува, затоа креираше крвави сценарија, затоа најавува референдум за кој и самиот знае дека нема да биде успешен, посочуваат од СДСМ.

Слични содржини