СДСМ: Мицкоски се излажал ако мисли дека со штанцање лаги и измислици ќе го прикрие своето деструктивно однесување

од Nikola Popovski
157 прегледи

Од владеачката СДСМ се огласија со соопштение како реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, Христијан Мицкоски до толку се внесе во улогата на докажан извор на лажни вести што веќе и не пропушта прилика да излаже, да пласира шпекулации кои немаат врска со реалноста.

Од партијата велат дека немајќи што конструктивно да понуди Мицкоски мора да измислува, да рециклира стари лаги, да извртува факти и да конструира измислици.

„Штом отвори уста, Мицкоски лаже-суши и на јавни настапи но и на мрачни затскирени брифинзи далеку од очите на јавноста која одамна не верува во неговите лаги.  Нема лице ни пред камери да излезе, за народот да не му ја види пропаднатата лага. Впрочем ниту самиот веќе не си верува на сопствените лаги што секојдневно ги пласира во јавноста“, стои во соопштението.

Според СДСМ, тој е политичар кој наместо конструктивност, блокира и кочи, кој наместо факти пласира шпекулации и лаги е политичар осуден на пораз.

„Ако Мицкоски мисли дека со штанцање лаги и измислици ќе го прикрие своето деструктивно однесување на штета на граѓаните, тешко се излажал.  Граѓаните одново ќе го казнат и за блокадите и за деструкциите, и за одбраната на криминалот, и за дејстувањето спротивно на државните интереси, но ќе го казнат за сите лаги кои му пропаѓаат како кула од карти“, стои во партиското соопштение.