СДСМ: Мицкоски требаше да му каже „НЕ“ на Апасиев, наместо да биде во анти-ЕУ коалицијата

од Nikola Popovski
131 прегледи

СДСМ денеска уште еднаш повтори дека модификуваниот француски предлог веќе ги содржи клучните македонски позиции и барања.

-Имаме чист македонски јазик во ЕУ, без фусноти и дообјаснувања, заштитен идентитет, почеток на преговори и историски прашања надвор од преговарачката рамка. Понудата на Мицкоски е лажна затоа што тој пред целата јавност кажа дека е против Европската Унија, истакнаа од владеачката партија.

Според нив, „во една реченица Мицкоски зборува за предлози, за дејствување, а веќе во следната дејствува со проруската Левица со цел да го сруши процесот на широки консултации“.

-Мицкоски требаше да му каже НЕ на Апасиев, наместо да биде во анти ЕУ коалицијата која дејствува на штета на државните позиции и работи за интересите на одредени туѓи центри на моќ.