„Партијата предводена од губитникот Христијан Мицкоски која глуми загриженост за здравјето на граѓаните, продолжува со деструктивноста одржувајќи протести и загрозувајќи го јавното здравје. Мицкоски вели дека нема да примал попишувачи, дека пописот не бил безбеден по здравјето на граѓаните, а неговата ВМРО-ДПМНЕ безпочитување на мерките одржува протести и масовни собири“, стои во соопштението на владеачката СДСМ.
Според нив, тоа е тешко лицемерие, хипокризија на дело.
„Од почетокот на пандемијата до денес, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се на погрешна страна, на спротивната страна на интересите на граѓаните и здравствениот систем.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не се грижат за јавното здравство или здравствениот систем, тие се грижат само за лични и партиски интереси.
Последниот од низата докази за ова беше вчерашниот лицемерен протест пред Министерството за здравство.
Граѓаните одамна ја препознаа деструктивноста на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа ќе бидат казнети шест пати на изборите и затоа повторно ќе бидат казнети на изборите оваа есен“, велат од СДСМ.