СДСМ денеска излезе со реакција за претходно изнесените ставови на лидерот на опозициската Христијан Мицковски.
„Тој призна дека правеше сѐ да ги блокира економските мерки. Мицкоски помири се, ти не си ниту пратеник, а твојата партија е малцинство во Парламентот.
Губитникот Мицкоски е изгубен во лагата. Вчера неговите пратеници во Собранието не ја гласаа Националната стратегија за спречување на корупцијата а вечерва отишол на телевизиско гостување да глуми загриженост за корупцијата во земјава. Оди и лаже, тоа е Мицкоски.
Лаже Мицкоски и дека ВМРО-ДПМНЕ помагала за време на пандемијата. И тој и ВМРО-ДПМНЕ за време на целата пандемија сѐ што правеше беше кршење на мерките, поткопување на здравствениот систем и груба и безобразна злоуптреба на починатите и заболените од КОВИД 19.
Тој вечерва сам изусти дека политичарите треба да се слуги на народот. Така е Мицкоски, единствената вистина која ја изговори можеби ќе те освести. Но, човек кој себеси се нарекува бранител на криминалот, не може да биде слуга на народот.”- стои во соопштението