СДСМ: Многу бело се насобра околу ДПМНЕ – Мицкоски на иста маса со уапсен за трговија со 32 килограми дрога

од Nikola Popovski
827 прегледи

СДСМ денеска излезе со нов скандал поврзан со најтесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Според владеачката партијата, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски седи на иста маса со „М.А од Грчец уапсен за трговија со 32 килограми дрога во полициска акција со која е пресечен меѓународен канал за шверц на дрога“.

Од партијата на власт објавија и фотографија од повеќе лица, меѓу кои се Мицкоски и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

-Акцијата на полицијата е од 3-ти декември оваа година, а токму со возилото на лицето М.А со кое седи Мицкоски била превезувана дрога вредна 120.000 евра. Што бараат Мицкоски и Милошоски, на иста маса со лица од подземјето, кои биле дел од меѓународен синџир за шверц на дрога, прашуваат од СДСМ.

Во партиското соопштение се додава дека „многу бело се насобра околу ДПМНЕ“. Ова следува откако вчера беше обелоденето дека член на МК на ВМРО-ДПМНЕ од Пештани и просветен работник бил фатен со дрога во кафуле во Охрид.

ВМРО-ДПМНЕ информира дека нивниот член Александар Толоманоски по пријавата од МВР за поседување на наркотични средства е веднаш разрешен од местото претседател на МК Пештани во Охрид. Од партијата истакнуваат дека тој во најитен рок и ќе биде исклучен од членството на партијата.

Како што информираше МВР, на 9-ти декември во 2 часот и 55 минути е приведено лицето А.Т. заради поседување предмети со кокаин.

Слични содржини