СДСМ: Молк од Мицкоски за повеќе суштински прашања од интерес на граѓаните

од Nikola Popovski
203 прегледи

Не слушнавме ниту еден став за прашањата кои се важни за граѓаните и за државата. На пример Мицкоски не кажа кој е неговиот став за недела неработен ден или пак за зголемување на минималната плата? Зошто ВМРО-ДПМНЕ го блокираше законот за работни односи во Собранието? Молк од Мицкоски за повеќе суштински прашања од интерес на граѓаните, реагираат од СДСМ на вечерашното интервју на лидерот на најголемата опозициска партија на МТВ.

Според владеачката партија, „се добива впечаток дека Мицкоски е незадоволен од себе си, па мораше на интревју да го дообјаснува неговиот настап на Конгресот пред само неколку дена“.

-Останува да видиме уште колку интервјуа ќе му бидат потребни на Мицкоски да се дообјаснува. Празни збори и флоскули не се политика, тоа е време да го научи Мицкоски, се вели во партиската реакција на СДСМ.