СДСМ преку соопштение вели дека лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски ги симна маските на ВМРО-ДПМНЕ и јавно призна дека е за коалиција со Левица, за која велат дека отворено е против НАТО и ЕУ.
Од владеачката партија прашуваат дали „дали коалицијата ДМПНЕ-Левица ќе почива на вредностите на диктаторот Енвер Хоџа?“.
-Може и Мицкоски следната година да оди да му се поклони на диктаторот Енвер Хоџа како што тоа го направи Апасиев. Вистинските вредности за кои се залага Мицкоски се исти како оние на неговиот потенцијален коалициски партнер, антиевропската Левица.
Од партнер на демократскиот свет, на САД и ЕУ сакаат да ја вратат државата во времето кога беше изолирана и заробена, посочуваат од СДСМ.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека нема потреба од загриженост во редовите на СДСМ бидејќи немаат намера во овој момент да преземат било кој од, како што велат, коалицискиот пакт Левица – СДС – ДУИ.
Побараа СДСМ да каже дали за нив е прифатливо да се откажат од технички премиер од редовите на ДУИ.