СДСМ: На Мицкоски не му веруваат ниту тие 45 учесници на протестот

од Nikola Popovski
160 прегледи

„Целосно издиша хистеријата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ заснована на лажни вести, лицемерие и лажен патриотизам“, стои во партиското соопштение на владеачката СДСМ, како реакција на вечерашниот протест на опозицијата.

Според нив, вечерва со „дебаклот на таканаречениот протест, стана повеќе од јасно дека на Мицкоски веќе не му веруваат ниту во самата партија, не му веруваат ниту тие 45 присутни во центарот на Скопје, а не пак народот на кој Мицкоски лицемерно се повикува“.

„Граѓаните совршено добро знаат што е вистина и кој се бори за македонската иднина, кој го заштити македонскиот идентитет во најтешките преговори во историјата на земјата, а кој работи против интересите на државата, како што тоа го прави Мицкоски цели три години. Затоа јавноста не го поддржува и Мицкоски доживува дебакли на секој протест, затоа беше казнет од граѓаните и затоа уште долго ќе остане во опозиција. После двете заушки од странство Мицкоски доби шлаканица и од македонскиот народ“, велат од СДСМ.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ вечерва побара граѓаните да останат на улиците додека премиерот Заев не си даде оставка. Тие повторно го блокираа градот на три локации пред Влада, МНР и Министерството за Правда, како дел од протестите кои ги организираат под слоганот „Оставка на Заев, слобода на народот. Високото раководство на партијата положи цвеќе пред споменикот на Ослободителите на Скопје по што порачаа правдата е бавна но не и слепа.

Слични содржини