СДСМ: На општински настан, партиски бренд и Мицкоски како зачин

од Nikola Popovski
220 прегледи

Владеачката СДСМ обвинува дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата појаснуваат дека „денеска се виде партизацијата којашто ВМРО-ДПМНЕ ја спроведува во општините, на дело, пред целата македонска јавност“.

-Општински настан во Кочани, финансиран со пари на граѓаните, се релизира партиски, со партискиот бренд и банер на ВМРО-ДПМНЕ, и секако со обраќање на Христијан Мицкоски како зачин.

Ова е класична злоупотреба, велат од СДСМ и прашуваат дали ќе молчи Државната комисија за спречување на корупција или ќе постапува.