СДСМ на терен во Дебар и Дебарца: „Јасно е кој стои зад нас во тешки времиња“

од Nikola Popovski
170 прегледи

СДСМ денеска ги продолжи теренските активности ширум државата. На маалски средби со граѓаните на Дебарца беа секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ, членката на ЦО, Славица Грковска и членката на Извршниот одбор Мелиса Ценоска Серафимовска, кои ја презентираа новата кампањата на партијата „Рамо до рамо“.

-Почетокот на преговорите со ЕУ носат директни придобивки за граѓаните. Само по два основи добивме помош од ЕУ вредна 180 милиони евра. На почеток на годината, ЕУ одлучи да ни додели 100 милиони евра за фискална одржливост и структурни реформи. Веќе е достапна и буџетската помошта и од 80 милиони евра за справување со енергетската криза, односно за антикризни мерки што Владата ќе ги преземе во текот на оваа година. Јасно е кој стои зад нас во тешки времиња, изјавил Маричиќ.

-Важно е да го продолжиме европскиот пат пред се заради подобар животен стандард и подобри услови за живот, додал Маричиќ.

Во Дебар, „рамо до рамо“ со граѓаните биле социјалдемократските тимови, составени од членката на Централниот одбор, Каја Шукова и членот на Извршниот одбор на партијата, Андреј Петров.

-Членството во ЕУ ги обединува сите граѓани, без разлика на етничка или верска припадност. Тоа е стратешка и национална цел на државата но и на сите граѓани. Нема аргументи зошто некои опозициски партии се противат, кога се оставрува стратешкиот интерес на земјата сите треба да покажат одговорност. Во оваа насока уставните измени се потребни за да го продолжиме европскиот пат, до полноправно членство, изјавил Петров.