СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска поважни им се микрофонот и копчето за исклучување од развојот на Скопје

од Nikola Popovski
206 прегледи

Хаосот на ВМРО-ДПМНЕ продолжува во Советот на Град Скопје. Наместо за советнички прашања и за решавање на проблемите на скопјани, ВМРО-ДПМНЕ го претвори Советот на Град Скопје во мегдан за јавни кавги и лични навреди меѓу менаџерката Данела Арсовска и професорот Трајко Славески, обвинуваат од СДСМ.

Според владеачката партија, на инволвираните „поважни им се микрофонот и копчето за исклучување на микрофонот од развојот на Скопје и интересите на Скопјани“.

-Нема бесплатен јавен превоз, ни еколошки автобуси. Наместо паркови никнуваат депонии. Стои реконструкцијата на Универзалната сала,​ готов проект оставен од​ претходната​ локална власт. Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска​ го уназадија​ Градот, не реализираа​ ниту едно ветување, соопштија утрово од партијата од „Бихаќка“.

Вчера дојде до силни тензии и навреди на седницата за советнички прашања. Кавгите беа околу „исчезнатиот“ микрофон на главната говорница кој Славески го зема и го стави под неговата маса откако службите не му го вратија копчето со кое може да го исклучи микрофонот на градоначалничката и советниците доколку не се придржуваат на дневниот ред и Деловникот за работата. Арсовска не штедеше навредливи зборови кон претседателот на Советот на Градот, кого го нарече „Хитлер“, „деспот“, „тиранин“ и „крадец“.

Слични содржини