СДСМ најави победа во уште 10 општини

од Vladimir Zorba
78 прегледи

  – Според првичните резултати на СДСМ, нивните кандидатите имаат извесна победа во општините Бутел, Градско, Карбинци, Кисела Вода, Македонски Брод, Могила, Новаци, Старо Нагоричане, Чашка и Штип, информираше Ивана Туфегиќ.

– Граѓаните гласаа фер и демократски и ги заокружија промените низ цела Македонија, истакна Туфегиќ.

Таа рече дека и во вториот круг од локалните избори граѓаните  ја дале довербата за концептот што го промовирала коалицијата предводена од СДСМ формирана за предвремените парламентарни избори, која продолжи и на овие локални избори