СДСМ: Најголем проблем за завршување на мостот во Аеродром е неработата на Арсвоска

од Nikola Popovski
178 прегледи

Дали Данела Арсовска навистина се предомислила и конечно решила да го продолжи проектот на нејзиниот претходник, мостот во Аеродром или ќе продолжи со нови алиби оправдувања, прашуваат од СДСМ.

Партијата додава дека „денеска Арсовска вели дека се работи на мостот, но сепак продолжува со нови оправдувања, овој пак со експропријацијата“.

-Досега сите предмети за експропријација, над 80, што се решени во овој период, се поради соодветни постапки започнати од претходната локална власт, Арсовска нема тука никаков удел.

Мостот од Аеродром кон Гази Баба и пробивањето на булеварот АСНОМ се проекти на Петре Шилегов, започнати во март 2020 година и со вредност од 16 милиони евра.

Оттука, ако има проблем за завшрување на проектот мост во Аердром тоа е само поради неработењето на Арсовска, стои во партиското соопштение.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денес на прес конференција за мостот АСНОМ сподели со јавноста кои се спорните предмети коишто треба да се решат за проектот да може во целост да се реализира, односно посочи дека несоодветното планирање на сите фази  на проектот се главната причина за моменталните состојби за кои сега активно се изнаоѓаат решенија за нивно надминување.

Арсовска потенцираше дека тоа е суштината на сите проекти што останаа започнати од претходното раководство, каде е утврдено дека од самиот почеток планиранo е само делумно една фаза од проектот, или еден дел и тука е застанато. Нема еден проект што е оставен без проблеми, односно овие проекти се започнати на брзина без соодветно планирање.