СДСМ: Намалувањето на маржите само на околу 100 производи нема да има сериозен ефект во намалувањето на цените

од Nikola Popovski
14 прегледи

СДСМ ја нарече „сапуница“ ситуацијата со „есенската кошничка“ и најавите на Владата за поевтинување на високите цени на производите по маркетите. Според најголемата опозивиска партија, се потврди дека „Владата апсолутно нема ниту концепт, но нема ни желба да ги намали цените на производите кои вртоглаво растат“.

-Намалувањето на маржите само на околу 100 производи не е никакво конкретно решение, ниту ќе има сериозен ефект на намалувањето на цените. После мачкањето очи на граѓаните со намалувањето на цените за фломастерите и моливите откако започна учебната година, ова е нова манипулација без никаков ефект кое има за цел само кратко да го смири гневот на јавноста, посочуваат од СДСМ.

Потсетуваат дека во нивно време на владеење, имаше конкретни и ефективни решенија.

-Цените беа намалувани за преку 500 производи за исхрана, но се држеа под контрола и цените на оснататите производи и на енергенсите. Ова е вистинска грижа и концепт за заштита на стандардот на граѓаните, а не половични решенија кои нема да имаат никаков ефект, додаваат од „Бихаќка“, велејќи дека и сега имаат конкретен предлог.

Претходно министерот за економија, Бесар Дурмиши информира дека цените нема да бидат замрзнати, туку ќе се ограничи профитната маржа на стотина основни прехранбени производи до 10 проценти. Ова се однесува во однос на предлогот за есенската потрошувачка кошница кој што бил резултат на средбата меѓу надлежните со производителите и маркетите. Сепак, тој најави дека оваа мерка ќе биде краткорочна и со важност од само еден месец.

Според премиерот Христијан Мицкоски, постигнат е договор и истото тоа веќе ќе биде презентирано и одобрено на следната владина седница во вторник.

-Сакаме да ги помине и оние филтри како што се Генерален колегиум и Комисија за економски систем и веќе очекувам на следната владина седница да биде на дневен ред, рече денес Мицкоски.

Овошје, зеленчук, грав, месо, ориз се дел од производите кои ќе треба да се намалат што биде усвоена есенската кошничка.

Слични содржини