СДСМ: Наместо небулозни соопштенија, ВМРО-ДПМНЕ треба да си погледне во сопствениот двор

од Nikola Popovski
197 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ може да учи што значи демократизација на партијата, отвореност за нови членови и идеи и процес на постојани промени“, соопштија од владеачката СДСМ.

Според нив, наместо да пласира небулозни соопштенија, ВМРО-ДПМНЕ треба да си погледне во сопствениот двор.

„Таа партија предводена од Христијан Мицкоски се уште е заглавена во режимската матрица која е контролирана од бегалецот во Будимпешта. Со години граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ не гледаат ништо освен деструкции, лажни вести и беспоштедна одбрана на криминалот и насилството. Затоа редат порази, затоа се таму каде што се, во опозиција каде уште долго ќе останат“, стои во соопштението на СДСМ.