СДСМ: Наместо уцени, раководството на СОНК да го прифати покачувањето на платите од 10%

од Берта Китинска
142 прегледи

Во интерес на учениците и образованието е да продолжи учебната година.Правото на штрајк е уставно загарантирано, но исто така и правото на образование кое не смее да биде нарушено, велта од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека партијата постојано покажува дека го цени и вреднува трудот на наставниците, професорите, на сите работници.

Во образованието, СДСМ ги покачи платите за 21%, пет пати повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога се покачија едвај за 4%.

-Уценувачкиот потег на СОНК, односно одбивањето на предлогот на Владата предводена од СДСМ за зголемување на платите за 10 отсто или 2.500 денари во просек и новата методологија за постојан раст на платите покажува дека овој синдикат не се води од интересите на наставниците и учениците.Платите во обрзованието ќе се зголемат, ќе се создаде нова методологија, но пролонгирањето на учебната година на крајот ќе наштети на учениците, родителите, наставниците, појаснуваат од владејачката партија.