СДСМ: Наставниците да се водат од интересите на децата

од Берта Китинска
171 прегледи

Јасна е потребата од достоинствено вреднување на трудот на наставниците, но во интерес на учениците, особено сега дури и во услови на пандемијата е продолжување на континуитетот на наставата, велат од СДСМ.

Оттмау посочуваат дека правото на образование е Уставно загарантирано право на секое дете. Затоа ги повикуваме наставниците интересот на децата да го стават на прво место.

-Платите на вработените во градинките се зголемија за повеќе од 21%, што во просек значи покачување од 4.300 денари за негувателки до 5.700 денари за воспитувачките, што е историски најголемо покачување до сега за овој кадар.Со растот на минималната плата следува усогласување на сите плати, согласно Законот за минимална плата.Во исто време кога ВМРО-ДПМНЕ цела година го блокира Законот за наставници, кој обезбедува, меѓу другото и поголеми плати, врши политизација на штрајкот на СОНК на штета на наставниците и на учениците.ВМРО-ДПМНЕ да престане со партизација на штрајкот. Тоа е последната партија која може да зборува за образование или за плати на наставници.Решенија се возможни само преку социјален дијалог на синдикатите и надлежните институции, вели СДСМ.