Христијан Мицкоски со потврдувањето на континуитетот со Ванчо Михајлов ја погази иделогијата на ВМРО-ДПМНЕ. Според Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на идеи кои го негираат македонскиот идентитет, идеолошки поклоник на луѓе кои што биле извршители на Третиот Рајх, соопштија утрово од СДСМ.
Според владеачката партија, „Мицкоски лицемерно зборува за патриотизам и национални итнереси и осудува отворање на клубови со имиња на контроверзини историски личности, а од друга страна бара да се почитува Ванчо Михајлов како дел од континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ“.
-Најголемата поддршка на бугарските клубови во Македонија доаѓа токму од претседателот на најголемата опозициска партија, обвинуваат од СДСМ.
Со реакција се јавија и од најголемата опозициска партија.
-Прво СДСМ да си расчистат во нивната коалиција околу ликот и делото на Иван Михајлов па после да се расправаат со ВМРО-ДПМНЕ. Второ, кога партијата ќе се откаже од наследството и ќе се извини за елиминирањето на македонската интелегенција од страна на комунистичкиот режим?, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека СДСМ е партија под чија власт се одобрени, формирани и делуваат клубовите Ванчо Михајлов и Цар Борис.