СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да го информира својот потпретседател Александар Николоски дека владеачката партија победи во две општини на вонредените локални избори.
-Бидејќи гледаме дека Александар Николовски не е во тек, замолуваме некој во ВМРО-ДПМНЕ да го информира за следново: Имаше вонредени локални избори во две општини и во двете победи СДСМ и коалицијата. На ВМРО-ДПМНЕ и се случи изборен дебакл. Христијан Мицкоски доживеа пораз од Ковачевски на првото изборно соочување, велат од СДСМ.
Од таму додаваат истиот резултат ќе биде и на изборите во 2024 година.
Претходно Николоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на вчерашната изјава на премиерот Димитар Ковачевски рече дека победиле на локалните вонредни избори и истакна дека неопходно е да што побргу да се оди на предвремени парламентарни избори и да се види расположението на народот.
-Мислам дека доволно долго го коментиравме, еве да одиме на предвремени парламентарни избори да видиме кое е расположението на народот, ние буквално секој ден бараме предвремени парламентарни избори, народот тоа го очекува со нетрпение да ги направиме предвремените парламентарни избори, кажа Николоски.