СДСМ: Нека не се обидува Мицкоски преку својот партнер Апасиев да го повторува упадот од 27 април

од Nikola Popovski
142 прегледи

Насилство на протестите, луѓе со фантомки, повредени полицајци, тоа е вистинското насилничко лице на ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица, обвинуваат од владеачката СДСМ.

Според нив, „бадијала Димитар Апасиев и Левица се правдаат, самиот Апасиев најави дека ќе ги радикализира протестите“.

-Од друга страна Христијан Мицкоски не се оградува од ставовите на Апасиев за радикализација, туку го поддржува и повикува граѓани. СДСМ заедно со институциите и граѓаните нема да дозволи никој да ја загрози стабилноста на државата. Нека не се обидува Мицкоски преку својот партнер Апасиев да го повторува упадот од 27 април, тоа нема да го дозволиме, стои во партиското соопштение на СДСМ.

Денеска продолжи протестот против францускиот предлог за деблокирање на интеграцијата на земјата во Европската унија.