СДСМ: Нема да дозволиме граѓаните да изгубат нови 11 години во изолација како во времето на Груевски

од Nikola Popovski
443 прегледи

Од СДСМ порачуваат дека по повеќе години минати во чекалната, државата сега има историска шанса да го забрза процесот на интеграција во ЕУ и да ја обезбеди својата европска иднина. Посочуваат дека одговорност на сите политички партии, на сите пратеници е да ја остварат децениската стратешка цел – полноправно членство во ЕУ.

-Христијан Мицкоски може да се изолира себеси, но нема право да ја изолира државата, СДСМ, тоа нема да го дозволи. Заедно со коалициските партнери и сите кои се за европска иднина на државата, нема да дозволиме, граѓаните да изгубат нови 11 години во изолација, како што се случи тоа во времето на шефот на Мицкоски, Никола Груевски.

Ќе сториме сѐ за продолжување на европскиот пат на земјата, да ја внесеме Македонија во ЕУ и да ја релизираме стратешката цел поставена уште од денот на независноста, стои во партиското соопштение на СДСМ.

-Народните претставници од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека не се прифатливи уставни измени во услови на политички диктат од соседите. Улогата на соседите треба да биде улога на поддршка на нашите евроинтеграции, а не на негирање на македонскиот национален идентитет, пишува во пораката од опозициската партија по вчерашната средба со државниот секретар за Европа во Советот на министри на Франција Лоренс Бун, со германската министерка за Европа и клима, Ана Лирман и со полскиот министер за ЕУ ​​Шимон Шинковски вел Сенк, кои се во Скопје.

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се вели дека опозицијата не учествувала во преговорите, што довело до „ултиматуми и барања кои отстапуваат од европските вредности и принципи“ и „за да се заштити пристапниот процес од билатерализација, односите мора да се засноваат за копенхашките критериуми за меѓусебно почитување, поддршка и соработка“, а претставниците на европските земји беа информирани за „високото ниво на корупција во државата, за криминалноста на повисоките ешалони на администрацијата на СДСМ и ДСИ, како и за катастрофалните политики во секој сектор на државата“.

Слични содржини