СДСМ: Нема да дозволиме хаос со коридорите 8 и 10Д

од Vladimir Zorba
224 прегледи

„ВМРО-ДПМНЕ, партијата позната по провизиите и промашени проекти за автопати заедно со проруската Левица водат хајка против делниците од коридорите 8 и 10Д и против реномираната американска компанија Бехтел“, соопштија денеска од СДСМ.

„Реализацијата на најголемиот проект во инфраструктурата во историјата на државата, во вредност од 1,3 милијарди евра, покрај унапредување на безбедноста во сообраќајот, ќе обезбеди најмалку 600 милиони евра за домашните компании, пристап до две нови пристаништа Драч и Бургас, раст на БДП.

Со предог законите кои влегуваат во собраниска процедура, се унапредува ефикасноста во изградбата на патната, железничката и енергетската инфраструктура во државата.

Блокадата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица ги чини граѓаните 150 милиони евра и дополнително загубено време.

СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, презема се за да ги надмине блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и овој проект за изградба на паневропските коридори да биде завршен и побрзо и поевтино“, додаваат оттаму.

Слични содржини