42
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче вели дека нема да коалицираат со ДУИ и демантира дека имало било какви разговори со оваа партија за локалните избори.
– Научивме една многу сериозна лекција од коалицирањето со ДУИ. Многу работи ни се удрија од глава и тоа морам да бидам искрен и да го признаеме. Дистанцата е нешто што природно дојде, како барање на членството, но и како чувство и емоција кон коалиција која не беше принципиелна, вели Филипче во интервјуто за РСЕ.
Вели дека во иднина СДСМ ќе формира само принципиелни коалиции, засновани на взаемна почит и заеднички вредности.