Најавите за референдум против заклучоците на Собранието за заштита на македонскиот идентитет, и против тоа македонски јазик во ЕУ не се ништо друго освен обична фарса на Мицкоски за внатрешна употреба во ВМРО ДПМНЕ, вели денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Граѓаните многу добро знаат дека токму ВМРО-ДПМНЕ бараше референдум и за Договорот од Преспа а потоа истиот го бојкотираше. По налог на Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ собираа потписи и за иницијатива за референдум за пописот, па потоа се откажаа.
Тоа што се уште не знаат какво прашање да постават пред граѓаните зборува дека на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не им важен ниту македонскиот јазик, ниту интересите на граѓаните.
Тие имаат за цел само да направат штета на државата, да ја попречат европската интеграција заедно со проруската Левица и ништо повеќе“, вели Кузеска.