267
Скандалозните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ дека на македонскиот пазар има отровен зеленчук се покажаа целосно лажни. Во Македонија во продажба нема зеленчук или овошје од увоз што не се безбедни за конзумирање и тоа е потврдено согласно стандардните процедури на надлежните институции, порачаа утрово од СДСМ.
Со ова, велат од владеачката партија, уште еднаш се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на идеи и програма, се што прави е пласирање на лажни вести и свесно ширење паника меѓу граѓаните.