Актуелно
Почетна / Македонија / СДСМ: Нереформираното и лицемерно ВМРО-ДПМНЕ зборува за задолжување откако тројно го зголеми јавниот долг

СДСМ: Нереформираното и лицемерно ВМРО-ДПМНЕ зборува за задолжување откако тројно го зголеми јавниот долг

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ удобно сместено во белата палата изгубило допир со реалноста и заборавило дека целиот свет се справува со здравствена и економска криза од невидени размери, предизвикана од пандемијата со коронавирусот.

Во такви вонредни услови Република Северна Македонија, како и многу други држави, мораше да обезбеди капитал од странство за полесно справување со последиците од кризата, да обезбеди ликвидност и простор за преземање на антикризни мерки за да можат стопанството и граѓаните полесно да ја пребродат кризата.

Во вакви услови ВМРО-ДПМНЕ зборува за зголемување јавниот долг, а да биде нивното лицемерие поголемо и еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монтерен фонд се земени со согласност на ВМРО-ДПМНЕ, односно со потпис од дополнителната заменичка министерка за финансии, Гордана Димитриоска Кочоска.

Крајно е несериозно ВМРО-ДПМНЕ, да зборува за задолжувања, откако тројно го зголеми јавниот долг на државата за финансирање на непродуктивни трошоци.

Граѓаните на изборите ги казнија деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ, кои значат враќање назад кон мрачното минато, кон заробената режимска држава, кон заканите, уцените, заплашувањата.

ВМРО-ДПМНЕ ќе остане во опозиција, запаметена по своето расипништво и криминално трошење на народните пари за лични и бизнис интереси на поединци, се вели во реакцијата на СДСМ.

loading...