Мицкоски поднесе неуставна иницијатива за одржување на референдум само за спас на неговата фотелја во Белиот дворец и бизнис интересите на неговото опкружување.Откако му пропаднаа сите обиди за дестабилизација, му потонаа лагите за асимилација и бугаризација, Мицкоски повторно се обиде да ги изманипулира граѓаните, велат од СДСМ.
Од партијата велат дека Мицкоски и неговите пратеници не гласаа против Договорот за добрососедство со Бугарија.
-Сега, пет години подоцна бараат референдум против овој договор за одговорноста да ја префрлат кај граѓаните.Но граѓаните го прочитаа, завртеа грб на незрелоста, неодговорноста и деструктивноста на Мицкоски и му порачаа дека се за европска иднина.СДСМ, заедно со демократски сили, заедно со граѓаните, нема да дозволи Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја загрозат европската иднина и државата да ја вратат назад во изолација и поделби, велат од СДСМ.