Неодоговорно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за изградба на патишта, а особено за автопатот Кичево – Охрид, проект кој беше целосно погрешен и промашен. Неспособното ВМРО –ДПМНЕ проектираше автопат без клучки за излез од него, без алтернативни патишта, со несоодветни материјали за заштита и потпора при ископ, без проект за звучни бариери, потпорни зидови, заштитна ограда, со нестабилност на косините, реагираа од СДСМ, на прес-конференцијата на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, за пропустите на автопатот Кичево – Охрид направени заради договорените провизии и криминалните интереси на Никола Груевски и Миле Јанакиески, се води и судски случај за проневера на 155 милиони ерва народни пари.
-СДСМ како одговорна партија, го гради овој автопат по стандарди како што налага градежништвото заради безбедноста и сигурноста во сообраќај на граѓаните и за економски развој на нашата држава. Разликата е јасна СДСМ гради по план, ВМРО-ДПМНЕ гради за провизии. Во овие 4 години СДСМ изгради над 1.040 километри патишта автопати, магистрални и регионални, ВМРО-ДПМНЕ за 10 години 650 километри, стои во партиското соопштение.