Владеачката СДСМ преку соопштение информира дека нашето членство во НАТО е реализација на нашата стратешка и национална цел поставена уште од независноста.
„Ние сме НАТО, полноправна и рамноправна земја членка на најголемиот воено-безбедносен сојуз, Република Северна Македонија за првпат учествуваше на Самит на НАТО како нејзина полноправна членка. Додека премиерот Зоран Заев и нашата државна делегација посветено работат за иднината на државата, за сите граѓани, додека во тек е дипломатска офанзива за деблокада на провесот на интеграција во ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уште подлабоко тонат во деструктивната матрица“, велат од СДСМ.
Од таму додаваат дека откако доживеаја тотално фијаско на протестите и блокадите, сета нервоза и агресија ја канализираат во нови опструкции и блокади.
„Таквата деструктивност, оваа дезориентирана партија ја доведе до степен отворено да работат против највисоките национални интереси. ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е партија заглавена во режимската матрица, партија што знае само за блокади и деструкции“, стои во соопштението.