СДСМ: Нова афера со сомнителни јавни набавки со цени над реалните во општина Битола

од Vladimir Zorba
242 прегледи

„Нова афера со сомнителни јавни набавки со цени над реалните ги тресе градоначалниците на ДПМНЕ. Според јавно достапни податоци, општина Битола набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација за речиси 50.000 евра, иако вакви машини може да се најдат и за 2-3 илјади евра, па дури и помалку“, соопштија од СДСМ.

„Станува збор за разлика од 47.000 евра!

Иста таква машина набавила и општина Велес по исто така астрономска сума од 42.000 евра. Разлика од речиси 40.000 евра.

Прашањето е во чии џебови завршила разликата?

Особено имајќи предвид дека општина Илинден набавила иста таква машина по три пати помала цена од оние во Велес и Битола.

Ако е ова шема за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ мора да има одговорност.“, додаваат од партијата на власт.

Слични содржини