СДСМ: Нови 9,6 милиони евра од програмата ИПАРД 2 за домашниот аграр

од Nikola Popovski
192 прегледи

СДСМ останува целосно посветена на навремена, конкретна помош и поддршка за земјоделството како клучна стопанска гранка во нашата држава. Во тој правец, отворен е јавен повик за мерката 7, поточно нов повик од Програмата ИПАРД 2 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ со што во наредниот период на микро и малите претпријатија на раполагања им стојат 9,6 милиони евра за имплементација на инвестиции во бројни сектори, велат од владеачката партија преку соопштение.

Според нив, клучната цел на оваа мерка е поттикнување на вработувањата, како и зголемување на економската активност во руралните средини, преку развој и промоција на руралниот туризам, зачувување на занаетчиските активности и мотивирање на руралното претприемништво.

-Износнот на финансиската поддршка се движи од 1.500 до 1.000.000 евра, додека повратот на инвестициите е во висина од 65% од вкупните прифатливи трошоци.

Со оваа мерка се поддржани следните приоритетни сектори: инвестиции во алтернативно земјоделско прозводство, инвестиции во производство на прехрамбени и не-прехрамбени производи, инвестиции во занаетчиски дејности, инвестиции во услуги за руралното население и инвестиции во руралниот туризам.

Вкупниот буџет за оваа мерка изнесува 9,6 милиони евра, од кои 75% од средствата се обезбедени од ЕУ фондови, додека 25% е национално, државно кофинансирање. Повикот е отворен до 22 август, а сите детали се објавени на веб страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, стои во соопштението на СДСМ.