Општинската организација на СДСМ Јегуновце ја информира јавноста за неморалното и нечовечко однесување на новоизбраниот градоначалник на Општина Јегуновце Димитар Костадиновски, објави претседателот на огранокот на СДСМ, Александар Стефановиќ.
Според него, „само по три дена од назначувањето за градоначалник и без конституиран Совет на Општината, Димитар Костадиновски започна со осветничка политика спрема вработените со договор на дело“.
-На 29.10.2021год. без никакво образложение им ги прекинува договорите на 6 вработени во општината, само затоа што истите вработени не се членови на бандата на ВМРО, која во Општина Јегуновце влезе со единствена цел, да го уништи и обезвредни сето она што претходниот градоначалник го направи во изминатите 4 години.
Важно е да се напомене, дека градоначалникот Дарко Блажевски имаше коректен однос со сите вработени во општината без разлика на нивната политичка или верска припадност. Ниту еден вработен не беше деградиран или омаловажуван за целиот негов мандат. Впрочем во таа администрација и работеше сегашниот градоначалник заедно со неговата сопруга без никакви проблеми по нив, наведува Стефановиќ.
Тој додава дека „осветничката и нехуманата политика е во основа на ДПМНЕ што на дело ја покажа новиот градоначалник Димитар Костадиновски со тоа што 6 семејства остави без парче леб во ова тешко време а според некој сознанија се заканува дека ќе ги избрка и другите вработени со договор на дело“.
-Без конституивен Совет и без никаков оглас за вработување, само воден од партиска и сопствена желба на 01.11.2021 веднаш почна да вработува несоодветен кадар негови партиски војници и послушници. Со ова соопштение сакаме да ги информираме граѓаните дека режимот повторно се враќа во нашата општина, но исто така да им ветиме дека ОО на СДСМ Јегуновце секогаш била и ќе биде отворена за соработка со секого и сите поплаки и сугестии ќе бидат прифатени, се со цел разобличување и праведно информирање на пошироката јавност, вели Стефановиќ во својата објава на социјалните мрежи.