Благодарение на ефективните мерки на Владата предводена од СДСМ за намалување на ДДВ и акцизата имаме најниски цени на горивата во регионот. Кај нас веднаш по примена на мерките, малопродажната цена на бензинот БС-95 се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари за литар, велат од владејачката партија.
„Од полноќ има ново намалување, бензините се продаваат по цени пониски за пет денари по литар“, велат од СДСМ додавајќи дека дизелот поевтинува за шест денари по литар, а екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 5,50 денари по литар.
-Граѓаните во нашата држава точат бензин БС-95 со пониска цена во однос на Грција, каде бензинот е најскап и чини 1,94 евра, потоа во Албанија (1,62), Хрватска (1,57), Црна Гора (1,54), Словенија (1,503), Романија (1,5), Србија (1,45).Исто е и со дизел горивото, кое во Грција се продава за 1,99 евра за литар, следува Албанија со 1,70 евра за литар, Хрватска со 1,59 евра, Србија со 1,55 евра за литар, па Косово каде дизелот се продава за 1,50 евра, Во Бугарија чини 1,48 евра, а во Црна Гора 1,47, велат од партијата.