447
Работниците со право бараат заштита, а СДСМ и стабилното парламентарно мнозинство се единствената опција за заштита на работничките права. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ќе ги исполни барањата на синдикатите и работниците, велат од владеачката партија преку соопштение.
Според нив, новото парламентарно мнозинство и Влада предводени од СДСМ ќе се залагаат за недела неработен, за повисока минимална плата и тоа ќе се случи во следниот период.