СДСМ објави бугарска лична карта за Арсовска -кандидатката за градоначалник им порачува дека безумно лажат

од Берта Китинска

Бугарскиот весник „24 часа“ објави дека кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, која настапува со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, нема бугарска лична карта, но проверките покажуваат грешка.

На страната на министерството за внатрешни работи на Бугарија при проверка на личниот документ под број 646948927, за кој СДСМ тврди дека станува збор за бројот од личната карта на кандидатката за градоначалник на Град Скопје, издадена наводно од Република Бугарија, чија фотографија денеска ја презентираше се прикажува дека овој документ е валиден.

-Бугарско државјанство, бугарска лична карта на Арсовска. Со номер, со дата на раждане, потпис, со адреса во градот Петрич која патем се уште е важечка. Оваа лична карта на Арсовска е издадена на петти мај 2017 година. Само една недела по крвавиот четврток, по крвавиот 27 април и насилниот упад во Собранието. Г-ѓа Арсовска, со каква намера и цел, ја подигнавте бугарската лична карта само неколку денови откако пропадна обидот да се убијат пратеници и да се спречи демократска промена на власта, рече Славјанка Петровска од СДСМ.

Петровска вчера објави документ од бугарското Министерство за правда, како аргумент дека Арсовска има бугарско државјанство, потврдено со указ потпишан од бугарскиот заменик-претседател.

Арсовска ги негира обвинувањата, веќе поднела и тужба и тврди дека никогаш не била Даниела, туку е крстена по нејзиниот дедо Дане.

-Треба да се срамат од тоа што го прават и јас веќе пуштив една тужба и сега овој пат нема да биде без надомест, сега тужбата ќе оди со надомест и има сите средства што ќе ги земам од сите овие безумни лаги од овие изминати неколку дена да ги донирам и тоа не на политичка партија како што лажат затоа што никогаш во својот живот нити сум била член на политичка партија, нити сум донирала на политичка партија, нити сум направила нешто погрешно. Да сум направела нешто погрешно немаше да се кандидирам во трка каде што ќе ме напаѓаат вакви безобразни луѓе и луѓе кои лажат континуирано и истата мисла не можат да си ја задржат нити два дена откако ќе ја кажат, изјави Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Скопје.

Слични содржини