СДСМ објави документи: Мицкоски ја покачи струјата за 100% кога немаше никаква криза a на светски берзи беше поефтина за 22 пати

од Берта Китинска
141 прегледи

СДСМ објави документи за тоа како Мицкоски ја покачил струјата за 100% кога немаше никаква криза a на светски берзи беше поефтина за 22 пати.

Живееме во време на глобална економска и енергетска криза, предизвикана од воената агресија на Русија врз Украина, поради којашто цените на светските берзи на енергијата вртоглаво растат, соопштуваат од СДСМ.

„Поради глобалната криза цените на сите енергенси во светот се покачени а рекордно покачување има и цената на електричната енергија. На крајот на август цените на германаката берза достигнуваа над 700 евра за мегават час, додека на француската берза над 800 евра за мегават час. А овие берзи ја одредуваат цената на струјата во Европа Мерки за амортизирање на растечките цени на електричната енергија Владата предводена од СДСМ преземаме веќе една година. Се субвенционира и до 80% цената на струјата за граѓаните, производствот домашно е зголемено, а тука е и мерката за намалувањето на ДДВ-то за електрична енергија од 18% на 5%. Така, цената на електричната на енергија на регулираниот пазар кај нас е 5 пати пониска во однос на пазарната цена на струјата – поради поддршката која државата ја дава за домаќинствата и дел од компаниите кои се мали потрошувачи“, велат од СДСМ.