За нас како социјалдемократска партија, еден од врвните приоритети е заштитата на достоинството на работниците. За таа цел, минималната плата ја покачивме од 9.000 на 15.200 денари. А, денеска, имаме просечна плата од 28.764 денари, односно платите се покачени за најмалку 100 евра, стои во соопштението на владеачката партија.
Според нив, од 1 јануари 2022 просечната плата ќе стане 500 евра, а минималната плата 300 евра.
-Социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто. И понатаму продолжуваме да излегуваме во пресрет на најранливите, а со тоа и најпогодени од сиромаштијата преку парична помош и нивно вклучување на пазарот на трудот.
Истовремено, Владата предводена од СДСМ покажува вистинска грижа и борба за достоинствен живот за возрасните.
Во таа носока воведовме државна социјална пензија од 6.000 денари за нашите сограѓани над 65 години кои не исполнуваат услови за стекнување на пензија, информираат од СДСМ.