СДСМ: Од Белиот дворец лажат, анкетата на МЦМС нема рејтинзи на политички партии

од Vladimir Zorba
249 прегледи

„Нервозно е ВМРО ДПМНЕ, откриен е криминал од огромни, мега размери кои почнуваат и водат до Белиот дворец. Дотаму одат со лагите што објавија анкета на МЦМС во која токму според МЦМС нема рејтинзи на политички партии. Нервозните во ВМРО-ДПМНЕ се фатени живи како повторно манипулираат и лажат“, соопштија од СДСМ.

Затоа нема во анекатата ништо за криминалот, како предметот Талир 2, за луксузите во Белиот дводрец како вазните од 180.000 евра и плочки од 100.000 евра. Нервозни се во ВМРО ДПМНЕ и за денешните историски успеси кога на македонски јазик се служеше литургија и честа којашто Вселенската патријаршија му ја укажа на премиерот Ковачевски.

Очигледна им е нервозата на ВМРО ДПМНЕ но бадијала им се нарачаните анкети и сите нивни манипулации.

Мицкоски може да нарачува, да лаже, но тоа нема да го промени фактот дека тој води криминална партија што е докажано со бројни судски пресуди, не може да го промени фактот дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемото разочарување од граѓаните“, велат од Бихаќка.

Според истражувањето на МЦМС, цитирано од опозициската партија, поддршка на ВМРО-ДПМНЕ даваат 20,7% од испитаниците наспроти 14,6% на СДСМ.

„Тоа се 6,1% разлика од лицата кои би излегле на избори. Тоа е показател дека на СДСМ му следи катастрофа и голема народна казна. Сега е јасно зошто СДСМ бега од избори како ѓавол од темјан. Ја губат поддршката од граѓаните, довербата им е на најниско ниво и се крајно незадоволни од работата на нивната влада. Но СДСМ не може да избега од неизбежното. Избори ќе има, затоа што народот не може веќе да го трпи ова тонење и понижување. Народот масовно на 18-ти јуни ќе каже премногу е! Ова мора да престане. Предвремени избори се решение за кризата која оваа влада на СДСМ и ДУИ ја создава и разгорува“, истакнаа од партијата на Мицкоски.