ВМРО-ДПМНЕ, како и Христијан Мицкоски остануваат лицемерни и зборуваат за корупција, за укинување на Јавното обвинителство, а од друга страна има еден куп обвиненија и пресуди против функционери од оваа партија, велат од владеачката партија, како реакција на прес-конфетенцијата на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ појаснуваат дека ВМРО-ДПМНЕ во очајните обиди да ги заштити криминалците во своите редови, жестоко се противеше на донесувањето на Законот за Јавно обвинителство, кој го ослободи правосудството и создаде услови за независно и професионално постапување на судиите и обвинителите.
-Причина за тоа се бројните судски процеси како Плацевите на Водно, Талир, Титаник, Тврдина Тенк… Опозицијата во Белата палата не може да се помири дека времето на селективност и неказнивост, кога поединци беа над законите, именуваа судии од тефтерчето и диктираа пресуди по телефон е дефинитивно е завршено. Сериозниот напредок во борбата против криминалот и корупцијата е потврден со најновиот индекс на корупцијата на Транспаренси Интернешенал, каде државата забележа скок од 24 места, констираат од партијата, додавајќи дека најдобриот резултат во последните шест години е резултат кривично гонење на високи функционери за корупција и зајакнување на независните надзорни институции.
Лефков денес во своето излагање кажа дека и новата влада предводена од Ковачевски е апсурд самата по себе, односно е продолжување на корупцијата со истите кадри кои во владата на Заев беа познати по низата скандали кои им се случија за време на владеењето.
Тој додаде дека не постои ниту една друга држава во светот која има толку скандали поврзани со функционери и јавни личности колку што има во Македонија, притоа без да имаат никаква разрешница туку напротив – повторно се ставаат на функција и ни се претставуваат како нови.