СДСМ: Одложување на еврообврзницата, нема никакви трошоци за државата

од Radmila Tasevska

Од СДСМ, велат, инвеститорите се заинтересирани повторно да се пријават на аукцијата која ќе се реализира веднаш по изборот на новиот министер за правда.

„Неточни се и тврдењата на Христијан Мицкоски за барање отштета и плаќање пенали поради неиздавањето на еврообврзницата.

Нема никакви трошоци за државата. Агентите и инвеститорите се навремено известени за административната пречка во врска со издавањето на еврообврзницата.

Инвеститорите се заинтересирани повторно да се пријават на аукцијата која ќе се реализира веднаш по изборот на новиот министер за правда.

Со средствата од еврообврзницата ќе се финансира евробврзицата од 2016 година, која доспева во јули.

Довербата на инвеститорите во економските политики на Владата предводена од СДСМ е силна, што се огледа од нивната побарувачка за еврообврзницата која беше за 2,5 пати повисока од понудата“, стои во соопштението на СДСМ.

Слични содржини