СДСМ: Ограничување на маржите за основните производи, го штитиме стандардот на граѓаните

од Берта Китинска
249 прегледи

Владата предводена од СДСМ во време на најголемата светска економска криза продолжува со мерки за ублажување на ценовиот шок и заштита на стандардот на граѓаните, велат од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека мерката за ограничување на маржите за основните прехранбени производи во трговијата ќе се применува на големо и на мало.

-Трговска маржа од 5 проценти е утврдена за леб, шеќер и сончогледово масло.За брашно, макарони и шпагети, македонски ориз, кравјо млеко и јајца маржата се ограничува на најмногу 10 проценти.Одлуката за замрзнување на маржата на одредени производи со цел ограничување на растот на цените ќе важи до 30 септември оваа година, со можност да продолжи до крајот на годината.СДСМ како одговорна партија и во време на криза продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, со мерки за заштита на стандардот на народот и ликвидноста на компаниите, посочуваат од владејачката партија.

Слични содржини