311
СДСМ објави скандал за охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, обвинувајќи го егзотично патување.
-Додека Охрид тоне секој ден, Пецаков плови на егзотично крстарење заедно со секретарот на општина Охрид, но и други лица од неговиот Кабинет. Нема одговор колку пари чини ова егзотично патување и на чија сметка крстари Пецаков? Молчи ДПМНЕ, молчи Мицкоски, велат од СДСМ.
Според партијата, молкот значи одобрување од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Уште еднаш се потврдува дека во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија којашто 11 години исто вака скандалозно се однесуваше, стои во партиското соопштение од „Бихаќка“.