СДСМ: Опозицијата не престанува да измислува непостоечки конструкции

од Andreja Salpe
185 прегледи

Откако ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ за наводен скандал, за тендери од стотина илјадди евра за набавка на опрема за пожарникарите,  денес со свое соопштение излегоа од владејачката партија. Оттаму велат дека ВМРО-ДПМНЕ не престанува да измислува непостоечки конструкции

„Големи се фрустрациите во ВМРО-ДПМНЕ од успешното раководење на Град Скопје од страна на СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов па затоа не престануват да измислуваат непосточеки контрукции и измислици.

Денеска ВМРО-ДПННЕ обвинува за тендери за стотина илјади евра за опрема за пожарникарите, а тие суми ги трошеа без тендер и со анекси секојдневно за стиропорни ѕидови, барокни канделабри и кич скулптури додека градот го раководеше Коце Трајановски.

Разликата е што нови чизми и ХТЗ одела мора да се набават за „хероите на градот“, и за тоа нема компромис, а барокни карусели, фонтани од лажен мермер не мораа да се набавуваат, но се набавуваа за да се исполнат хировите и желнбите на Никола Груевски. Во време на валдеењето на ВМРО-ДПМНЕ имаше само за Сопје 2014, денес има за пожарникарите и за се што е важно за непречено функцинирање на Градот. Да биде иронијата поголема, денеска ВМРО-ДПМНЕ обвинува за скандали иста компанија која во времето на Трајановски склучувала договори за набавка на опрема.” – стои во соопштението од СДСМ

Слични содржини