СДСМ: Општествен консензус за европскиот пат е врвот на современиот патриотизам

од Nikola Popovski
101 прегледи

СДСМ подава рака на секоја политичка партија која сака да се приклучи да ја постави државата на маса на новата геополитичка реалност, што е примарна цел на С. Македонија.

-Нашата нова голема тема, голема идеја е големо општествено и националано помирување и обединување околу европскиот концепт, околу европскиот пат на државата! Време е да се мобилизираат сите прогресивни сили кои ги делат европските вредности, велат од партијата.

СДСМ оценува дека време е за целосен општествен консензус за европскиот пат и европската иднината на државата.

-Да кажеме НЕ за нови делби, да кажеме НЕ за нови лажни пророци. Да кажеме ДА за обединување, за обединување во најширока смисла – национална, меѓунационална, политичка и државна! Тоа е врвот на современиот патриотизам, стои во соопштението од „Бихаќка“.