Раководството на ВМРО-ДПМНЕ со денови глуми некаква загриженост за клубот Ванчо Михајлов и националните интереси и се однесува како да не знае што сѐ се случува, велат од СДСМ.
Оттаму посочуваат дека основачите на овој клуб имаат куп фотогафии со високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
-Еден од нив дури носи и брендирана маичка Антонио Милошоски. Токму Милошоски е оној кој македонскиот великан Блаже Конески го навредуваше и го нарекуваше џуџето од Небрегово.Ете тоа е ВМРО-ДПМНЕ, тоа се поддржувачите на делото на Ванчо Михајлов.За време на 11 годишниот режим, ВМРО-ДПМНЕ потроши стотици милиони евра за да ја ретушира историјата, за да го девалвира значењето на антифашистичката борба и да направи културен инжинеринг на општеството, посочуваат од владејачката партија.